Почнува манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

53

На манифестацијата која ги претставува културата, традицијата и историјата на Крушево, ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, кој годинава ја предводи владината делегација во Крушево, по повод прославата на националниот празник Илинден.

Претходно, коњаницата ќе дојде пред столбот на Крушевската Република, ќе се формира поворка, по што делегацијата за полагање цвеќе со коњаницата ќе се упати кон Гумење. Ќе биде положено цвеќе пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, на гробот на Тоше Проески, пред споменикот на партизанските гробишта, Криптата на илинденските востаници.

Во рамки на програмата на манифестацијата, предвидена е посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев.

По отворањето на манифестацијата пред споменикот „Илинден“ ќе настапат Националната филхармонија и хорот на Национална опера и балет, ансаблот „Танец“ и балерината Ивана Коцевска.

На платото кај Гумење ќе биде прочитан Крушевскиот манифест и ќе се обрати претседателот на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“, м-р Томе Христоски.

Според програмата, на крајот од вечерта концерт ќе одржи Камерниот оркестар, а ќе настапат и неколку македонски пејачи.

Централната манифестација по повод Илинден ќе се одржи утре на Мечкин Камен.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content