СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Продолжување на рокот за пријавување на конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“

Со задоволство ве информираме дека Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) по шести пат го распиша конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“. Станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои работат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

За учество испратете ни новинарско дело, кое ги исполнува следните критериуми:
Новинарското дело треба да е објавенo во периодот 1 март 2022 – 20 март 2023 година.
Објавата може да биде на радио, телевизија, печатен или онлајн медиум. Медиумот може да работи на национало, регионално или локално ниво. Дозволени се сите традиционални и нови формати на објави, вклучително и подкасти и фотографии/фоторепортажи.

Објавата мора да е поврзана со сиромаштија или социјалната исклученост и да се однесува на ситуацијата и луѓето во Македонија.

Еден новинар може да пријави само едно дело. Може да бидат пријавени повеќе дела од иста редакција, но од различни новинари.

Доделените награди, нема да бидат во пари и ќе имаат симболичен карактер.
Краен рок за доставување на сториите беше 23.03.2023 година. Го продолжуваме рокот за пријавување до 30.03.2023

Сториите треба да се испратат на е-маил [email protected], во оргинален формат или само линкот на медиумот каде што се објавени, заедно со пополнета апликација која може да се преземе на линкот https://bit.ly/3F2ucom. Се надеваме дека ќе учествувате и информацијата ќе ја споделите со вашите колеги новинари кои работат на овие теми. Би ценеле доколку го популаризирате конкурсот преку објава на вашиот медиум.

Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Билјана Дуковска

Претседателка на МППС

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content