Почнува вакцинацијата против Ковид-19

26

Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

За министерот за здравство Венко Филипче, со почетокот на вакцинацијата против Ковид-19 почнува последната фаза во битката со пандемијата.

 

Првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници, од вкупно 4000-те пријавени за вакцинација. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Ние за 10-тина дена се чини дека ќе бидеме една од ретките земји во Европа во која ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници коишто работат со ковид-пациенти, согласно нашиот план, потенцираше министерот Филипче во синоќешното гостување во телевизијата Сител.

Филипче информираше дека во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите дози на вакцини од Србија, а според последните информации од производителот, поради тамошните празници до крај на месецов во земјава треба да пристигнат и кинеските вакцини. Согласно планот, дневно ќе се вакцинираат помеѓу два и четири илјади лица.

Досега над 70 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање, 50 илјади преку онлајн апликацијата, а 23 808 преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Во земјава пред четири дена од Србија пристигнаа првите 4680 од предвидените 8000 дози вакцини од производителот „Фајзер“. До крајот на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content