Почнува аплицирањето за бескаматен кредит за трговски радиодифузни друштва

73

Како што соопшти Развојната банка, трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс-период до 12 месеци и рок на отплата до 48 месеци, за тековни средства и ликвидност.

Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.

 

Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50 отсто од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири. Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде „прв дојден, прв услужен”.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content