СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Владата ги замрзна цените на тестенините и млечните производи

Тестенините и млечните производи ќе поефтинат од наредниот четврток.

Владата ги укина царинските давачки за увоз на макарони и шпагети, па очекува нивните цени на рафт во маркетите од 16ти март да паднат за минимум 15% или 8-9 денари. Додека пак за цените на трајното и кисело млеко, јогуртот, урдата, павлаката, како и белото и мешано сирење и кашкавалот – намалувањето да биде минимум 10%. Овие производи ќе се продаваат по тие цени до крајот на мај.

Бектеши презентираше и математичка пресметка како се креира крајната цена на производот и колку според неговата анализа треба да чини едно пакетче макарони.

„Ако цената на макароните моментално е 49,3 денари, би требало цената да биде максимум 41,8 денари, што значи околу 7,8 и 9 денари директно намалува само од царинските давачки кои се укинуваат, а дополнително очекуваме и уште неколку денари да одат надоле, заради маржите кои се утврдени со претходната одлука.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Дополнително министерот очекува да паднат цените и на јајцата, оризот и шеќерот – во спротивно ќе се интервенира и таму. „Ги искара“ производителите дека се договараат и заедно здружени своите производи ги продаваат по највисоки маржи, бидејќи не сакаат да се откажат од своите профити.

„Ако цена на 1ви март на ИКС производ била 80 денари, на 16ти март треба да биде максимум 72 денари, тоа е намалување за 10%. Верувам дека има општествено одговорни компании и имаат простор да намалат повеќе профити и да одат и повеќе. “ истакна Крешник Бектеши, министер за економија

Ако производителите и увозниците ги намалат цените и повеќе од тоа што им одредила Владата, Бектеши најави дека тие ќе бидат наградени со низа мерки, меѓу кои и субвенционирана струја.

Ова е втора одлука за замрзнување на цените на основните производи, по таа за лебот. Со тоа само делумно ќе се компензира енормното зголемување од минатата година, кое кај одредени артикли се движеше и до 100 проценти. Така, лебот од 25 стигна и до 50 денари, млекото од 45 на 80 денари, а кашкавалот од 300 до над 500 денари.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content