СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Зошто да јадете лути пиперки

Децата кои имаат проблеми со концентрацијата, ќе го подобрат успехот, ако јадат лута храна, бидејќи лутото го стимулира мозокот. Лутите пиперки се идеални и при грипот и настинката. Ги прочистува дишните патишта и го отпушува носот, а ја намалува и непријатноста при зголемена температура.

Исто така лутите пиперки го зголемуваат нивото на хормоните на задоволството – ендорфин и серотонин. Ги смирува нервите, ги намалува последиците од стресот, ги релаксира нервите и помага на сонот да дојде побрзо.

Лутите пиперки делуваат благотворно на жените со гинеколошки проблеми особено оние кои имаат нередовен месечен циклус, а причината е седечкиот начин на живот, неправилната и нецелосната исхрана, недоволното спиење и одморот.

Лутото го зајакнува коренот на косата и добро влијае на нејзиниот раст, бидејќи ја подобрува циркулацијата на ткивата. Зачинетата храна се препорачува на жените со тенка и кршлива коса и нокти.

Го зајакнува имунитетот при што лутата пиперка содржи два пати повеќе витамин C од лимонот. Ја засилува радоста на животот и го намалува стресот. Го топи вишокот килограми и помага во диетите со вишокот килограми при што ја активира циркулацијата, го нормализира метаболизмот, го забрзува метаболизмот, и помага на организмот да ги исфрли токсините. Со лутото природно ќе ја намалите и употребата на сол. Со негова помош ќе ја стимулирате секрецијата на жолчниот сок, што доведува до подобро варење.

Лутата пиперка помага уште при болести на респираторниот систем, го попречува развојот на дијабетес тип 2, атеросклероза на садовите, бенигните тумори, превенцијата на ракот, алергиските заболувања, го намалува холестеролот. и др.

Сега знаете зошто Мексиканците се повеќе насмеани и многу радосни.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content