Почна аплицирањето за субвенции за предадени градинарски и овошни култури

68

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, вели дека до 25 декември земјоделците кои произвеле зелка и од 5-ти април до 5 мај ја предале на преработувачки капацитет, ќе може да аплицираат за добивање финансиска поддршка од три денари по килограм.

Аплицирањето се врши електронски со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk во полето „Директни плаќања-е барање” се поднесува електронското барање и за подмерките 1.6, 1.8 и 1.19. Крајниот рок за поднесување на барањата за овие мерки е 25 декември 2020 година. Сите кои имаат проблем или не знаат сами електронски да поднесат барања, може да се обратат во подрачните единици МЗШВ. Но, сите кои ќе побараат помош од вработените во подрачните единици треба да ги почитуваат протоколите за заштита од КОВИД-19, истакнува Бабовски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content