СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2022 година

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust доделува до шест стипендии за кратки студиски престои, од еден до три месеци, за млади истражувачи од Република Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачки институции во Велика Британија за 2022 година.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1.000 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Условите за конкурирање, како што објави Министерството за образование и наука, се завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8.00, одлично познавање на англискиот јазик, кандидатите да не се постари од 30 години и да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Во објавата на МОН се достапни информации за документите кои се потребни за конкурирање, начинот на поднесување на апликациите и линкови и контакти за повеќе детали за стипендиите.

Рокот за поднесување на документите е 1 март 2022 година.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content