Постигнат е договор цената за откуп на оризот да изнесува 70 денари за килограм арпа

110

Претставници од откупните претпијатија и земјоделски производители од кочанскиот регион доцна попладнево во Кочани имаа работна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на која се разговараше за состојбата со откупот од овогодшната реколта и висината на откупните цени.

Постигнат е договор базната цена за ситните сорти ориз да изнесува 70 денари за килограм арпа во зависност од рандманот, односно од количината бел ориз што ќе се добие по лупењето. Ако ситната сорта ориз даде 50 отсто рандман, цената ќе изнесува 35 денари, а ако има понизок рандман и цената ќе се намалува. За крупните сорти базната цена ќе биде 80 денари за килограм, што значи дека ако рандманот биде 50 отсто, пропорционално и цената ќе изнесува 40 денари, а ако рандманот е повисок и цената ќе расте.

-Сите ние, од страна на откупувачите, се обврзавме да откупиме одредена количина арпа за да го олесниме пазарот, без разлика на пазарната економија и актуелните цени во странство. Се работи вкупно за околу 3.000 тони и од ситните и од крупните сорти и тоа е она што ќе се повлече до крајот на годината за да има олеснување и материјал за работа до Нова година, истакна Сотир Англов, од откупното претпријатие БМФ од Зрновци.

Претставниците на земјоделските производители кои присуствуваа на состанокот рекоа дека се задоволни од догорените цени и услови за откуп и ќе очекуваат дали ќе се спроведат на терен. Министерството за земјоделство од своја страна ќе преземе мерки за избегнување на одредени неправилности прои откупот.

-Сакам да потенцирам дека секој земјоделец кој што ќе има сомнеж за рандманот и процентот на влагата во зрното што го утврдува самата откупна компанија, ќе може бесплатно да направи проверка во Институтот за ориз во Кочани. Ова е направено со цел да се елиминира сомнежот дека има одредени злоупотреби во целиот процес. Нормално, ова што ќе се откупи до крајот на годината, целиот процес ќе го следи Земјоделскиот инспекторат, за да нема нејасностии или сомневање. На почетокот на идната година ќе повлечеме и количини за стоковите резерви, со што дополнително ќе го олесниме процесот, истакна министерот Трипуновски.

По средбата беше најавено дека ресорното Министерство за наредната година заедно со земјоделците ќе изготви стратегија за да се избегнат вакви турбуленции во откупот за новата реколта, а таа ќе се однесува и од аспект на семенскиот материјал, заштитните препарати и доволни и навремени количини вода за наводнување

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content