Последен ден за прогласување економска кризна состојба

24

Предлогот треба да се најде на пленарна седница пред пратениците откако вчера помина во собраниската комисија за одбрана и безбедност, а потоа и во законодавно правната комисија.

По пратеничката дебата предлогот ќе биде ставен на гласање. Опозицијата рече дека ќе даде поддршка иако изминатиот период во долги комисиски дебати бараше одговор од власта за моменталната состојба со енергенсите во земјава и за начините како планира да се справи со овој предизвик.

Власта пак ја повикуваше опозицијата да даде поддршка за да се отворат голем број механизми преку кои владата ќе може да ја менаџира кризата.

Собранискиот спикер Такат Џафери повика да се запази рокот за да може кризната состојба да започне од први октомври со цел навремено да се обезбедат енергенсите и за обезбедување топлинска енергија за скопјани пред почетокот на грејната сезона на 15ти октомври.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content