Локално
Поранешниот претседател на Победа донираше 100 влезници за утрешниот натпревар
Веќе стана тренд, нашинци од дијаспората донираат влезници за натпреварите на Победа

Претходно тоа го сторија прилепчани кои живеат во Австралија, а денеска 100 влезници за натпреварот помеѓу Победа и Детонит Јуниор, кој се игра утре со почеток од 14ч во Прилеп, донираше поранешниот претседател на клубот, Гоце Ингилизов.
Влезниците се во гостилницата “Кај Кекеле”, и секој кој не може да си дозволи да купи билет може да си подигне.