СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Прилепското џудо ќе се унапредува во соработка со италијански џудо експерти

Џудо Клубот Сеишин-Прилеп продолжува со своите активности како на републичко ниво, но уште посилно на Меѓународно ниво.

Во следните три дена гостин на клубот е г. Роберто Мелони од Рим Италија, главен тренер на два Џудо клуба во Рим и тренер на Националниот тим на Р. Италија. Мелони е доскорешен тренер на џудо тимот на италијанските Карабинери и актуелен носител на 6-ти Дан (црвено бел појас).

Како натпреварувач е многукратен национален шампион на Италија, Носител на Бронзен медал на Светско првенство, неколкукратен медалист и вице шампион на Европски првенства, шампион на Медитерански игри и учесник на 3 Олимпски игри.

 

 

Стекнатото богато искуство како натпреварувач и тренер Роберто Мелони ќе го пренесе во насока на развојот на прилепското џудо во клубот Сеишин, во кој препознава голема желба и ентузијазам во афирмација на спортот во градот, државата и на меѓународен план.

Главната инспирација за специјалната посета на клубот Сеишин – Прилеп Мелони ја наоѓа во неговите колеги тренери со кои се запознава на меѓународен настан каде ја препознава искрената желба, посветеност и љубов кон џудо спортот и несебичната борба своите членови да ги издигнат на едно повисоко ниво.

Првиот ден од посетата беше предвиден за увид во условите и начините на тренинг на клубот. Вториот дел е активно учество во техничките тренинзи по возрасни групи и во третиот дел е предвидена работна средба со  стручните кадри на клубот со цел определување на приоритетите за идна интерклубска соработка, одржување на стручни семинари и обуки и заеднички учества на меѓународни турнири.

Џудо клубот Сеишин се надева на плодна работа во наредните два дена, целосно исполнување на предвидените цели, унапредување на спортот и издигнување на Џудо Клубот Сеишин на едно повисоко ниво.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content