Поради магла видливоста на некои патишта е намалена до 40 метри

17

Внимателно возење и приспособување на брзината на движење препорачува АМСМ наведувајќи дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а на некои места коловозите се влажни.

На дел од патиштата има и магла поради што е намалена видливоста. Само до 40 метри видливост поради маглата има на правниците Тетово-Групчин и Кочани-Виница-Македонската Каменица. А од 50 до 100 метри е видливоста на правниците: Битола-Прилеп, Скопје-Куманово, Скопје-Велес, Велес-Катланово и Кочани-Штип.

Кога станува збор за фреквенцијата, од АМСМ наведуваат дека интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини нема подолги задржување за влез и излез од државата.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content