Полицијата ја барала со дронови, нема трага од Лидија од скопско Јурумлери

133

Цели два дена без позитивен исход се трага по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Откако биле добиени информации дека очевидци ја забележале како од автобуската каде беше пријавено дека е последно видена, се упатила кон Вардар.

– Ја видела луѓе на автобуската како оди кон Вардар. Дојде и полиција со дронови. Сите наши блиски бараат. Нема ништо, ништо, вели вечерва за А1он нејзината ќерка Мартина.

Вчера, Мартина објави дека од рано утрото е исчезната нејзината мајка, за која вели дека е семејна жена, одговорна, вработена и без здравствени проблеми.

Семејството повторно испраќа апел, сите што имаат некаква информација да се јават на бројот 071345208 или да пријават во полиција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content