СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Дигитална аудио книга со балкански детски приказни за деца и млади – за доближување на културните разлики

Со цел да се доближат културните разлики на децата од балканскиот регион здружението Мултимедиа Прес – Прилеп, (кое е фокусирано главно на медиумската писменост и културниот развој, со акцент на делување не само во урбаната туку и руралната средина во Пелагонискиот регион), го креира проектот BALKAN CHILDERN STORIЕS E-BOOK, кој претставува уникатна содржина од приказни за деца и млади.

Проектот е  поддржан благодарение на  Регионална мрежа за културна разновидност READ,  финасиран од ЕУ што овозможи детските бајки да ја видат „светлината на денот”.

Во рамките на неколку месечното работење на проектот Е-книга Балкански детски приказни, создадени се  аудио-визуелни бајки кои усно генерациски се прераскажувале во Македонија,Турција и Албанија. Со цел доближување на приказните од различните народи, содржините се преведени  на сите трите јазици македонски, турски и албански. Аудио материјалот е пренесен  на USB стикчиња,  а воедно поставени во електронска форма. На таков начин преку дигиталната форма приказните ќе бидат  лесно достапни за младата популација и за сите консументи, кои сакаат да откриваат, учат и да уживаат слушајќи ги приказните.

Воедно, материјалот е „спакуван“ и во Е -книга  со оригинални илустрациии кој ги изработи Филип Јовески, во PDF формат, во дигитална форма, за лесна достапност за симнување, прегледување и преслушување, со цел приказните да бидат што поблиску до децата, до оние кои сакаат да чујат и да ја согледаат убавината  на различните  јазични подрачја и да чујат интересни приказни кои се прераскажувале од народи кои живеат на Балканот.

Комплетниот проект, како е аудио материјал е лесно преслушлив, едукативен, поучен и корисен како за млади, така и за наставници, едукатори, медиумски работници итн. и може да послужи како одличен едукативен материјал со кој младите можат да научат за нови култури и традиции  и за нови бајковити светови.

Креирањето на аудио  на Е–книга со приказни за деца и млади, во рамките на проектот READ-Regional Network for Cultural Diversity READ (Регионална мрежа за културна разновидност), финасиран од ЕУ, е поттик за почитување на културните различности меѓу народите кои живеат на Балканот. Токму преку приказните децата и младите ќе научат дека различностите не треба да не’ разединуваат, туку да не соединуваат. А, децата,  преку  балканските бајки впечатливо, аудио и визуелно,  имаат убава  можност  да научат  дека не постојат граници и разлики меѓу луѓето. Културната разноликост го збогатува концептот на еднаквост и прифаќањето на различностите се само чекор кон создавање на квалитетен соживот и почит. Здружението Мултимедиа прес – Прилеп ќе продолжи да работи кон збогатување на содржините за поквалитетно функционирање на општествената заедница со  ваквите идеи,  каде културните разликите се презентираат како наша предност и наше заедничко опкружување, вклучително и квалитетна медиумска писменост кон пренесување на културните информации во рамките на подобрување и запознавање на аспектите за начинот на живеење на другите“, истакнуваат од Мултимедиа прес – Прилеп, креатори на детската книга со приказни од различни народи,  на различни јазици насловена E- BALKAN CHILDERN STORIЕS E-BOOK.

Аудио верзијата и  ПДФ-изданието ќе биде достапно за симнување и дистрибуција наскоро после промотивните активности. Од Мултимедиа Прес кои планираат најпрво ова интересно издание на аудио приказни да го добијат децата од детските градинки.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content