Спорт
Познат распоредот на осминафиналето во ЛШ, спектакл уште на стартот
Откако денеска беше направена ждрепката за двојките од осминафиналето во Лигата на шампионите, сега е познат и распоредот на натпреварите.

Осминафиналето започнува на 16 февруари со натпреварите меѓу Лајпциг и Ливерпул, односно Барселона и ПСЖ. Еден ден подоцна се соочуваат Порто и Јувентус, односно Севиља и Борусија Дортмунд.
Потоа на 23 февруари ќе играат Лацио и Баерн, како и Атлетико и Челзи, за еден ден подоцна Борусија Менхенгладбах да го пречека Сити, односно Аталанта да го пречека Реал Мадрид.
Реваншите се играат две недели подоцна.