СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

„Колку брусници има во светот?“ – шведска драма комедија во летното кино на Кинотеката

Филмот „Колку брусници има во светот?“ на режисерката Лена Копел, ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката.

Станува збор за драма комедија од шведска продукција која има за цел да влијае врз развојот на свеста за луѓето со попречености и предизвиците со кои тие се соочуваат. Филмот е снимен по сценарио на Лена Копел, Трине Пил и Пер Јохансон. Имаше премиера во 2011 година и уште во првиот викенд во киносалите бил најгледаниот филм во Шведска.

Проекцијата е во рамките на соработката на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“ и театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска.

 

Овој театар, заедно со Шведскиот институт во изминатата година во државава го реализира проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, во кој со повеќе активности се работи на едукација на децата и младите за развој на свесноста за луѓето со попречености. Активностите ги спроведе здружението „Солем“ од Скопје.

„Колку брусници има во светот“ („The importance of tying your own shoes“) е за 27-годишниот Алекс, кој во многу работи во животот не успеал. Почнува да работи со луѓе со попречености во општината Худиксвал. Кога открива дека тие умеат да пеат убаво, одлучува да им покаже на своите другари дека тие се подеднакво важни и вредни.

Сижето се базира на личните искуства на режисерот Пер Јохансон кога работел со луѓе со попречености и сакал да ги развие нивните способности, наместо да ги форсира да учат работи што им беа тешки. Тогаш го започнал театарот „Глада Худик“ и голем дел од ансамблот е во филмот. Но, ова не е документарен филм.

Влезот е слободен, a е обезбеден превод на македонски јазик.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content