Познати полуфиналните двојки на Светското клупско првенство во фудбал

37

Африканскиот првак закажа пресметка со актуелниот европски шампион, откако вечерва триумфираше над Ал Духал од Катар со 1:0. Единствениот гол на стадионот во Ал Рајан го постигна Хусеин Ел Шахата во 30 минута.

Претходно, пласман во полуфиналето и пресметка со јужноамериканскиот шампион Палмеирас закажа и првакот на КОНКАКАФ, мексикански Тигрес по победата над јужнокорејскиот Улсан со 2:1.

 

Мечот меѓу Палмеирас и Тигрес ќе се игра на 8 февруари, а ден подоцна на програмата е дуелот меѓу Баерн и Ал Ахли.

Финалето на Светско клупско првенство во Катар ќе се игра на 11 овој месец.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content