Познати клучните спецификации на паметниот телефон Xiaomi 12 Ultra

58

Xiaomi 12 Ultra се очекува во јули, само неколку месеци откако беше објавено партнерството помеѓу Xiaomi и Leica.

Гласините велат дека смартфонот ќе има речиси ист хардвер за камера како Mi 11 Ultra, што значи главна камера од 50 MP со оптичка стабилизација и нов сензор, 48 MP 5x телефото модул и 48 MP ултра широка камера. Дојавувачот Yogesh Brar ја потврди листата на очекувани спецификации на новиот модел, а уредот ќе има уште една дополнителна компонента, 3D ToF сензор.

Селфи камерата треба да биде истиот модул од 20 MP што го има минатогодишниот Ultra модел, додека панелот на екранот е преземен од моделот Xiaomi 12 Pro, а не од Mi 11 Ultra. Станува збор за 6,7-инчен LTPO AMOLED панел со QHD + резолуција и стапка на освежување од 120 Hz.

Уредот ќе работи со нов процесор Snapdragon 8+ Gen 1 кој ќе биде поврзан со 8/12 GB RAM и 256/512 GB внатрешна меморија. Ќе користи MIUI 13 базиран на Android 12.

Смартфонот ќе се напојува од батерија од 4.800 mAh која ќе поддржува 67W жично и 50W безжично брзо полнење. Овогодинешниот Pro модел поддржува жично полнење од 120 W.

Сепак, некои спецификации сè уште се мистерија, а прашање е дали Xiaomi 12 Ultra ќе има секундарен екран на задната страна.

Се шпекулира дека уредот ќе носи ознака Leica со кожна текстура на задната страна и црвено лого на Leica. Тоа може да биде специјално издание, а рендерите покажуваат одлична завршница, но не и заден екран.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content