Познатите Македонки ја испочитуваа традицијата и уште рано наутро вапцаа три црвени јајца

78

Црковното предание и нашата стара традиција уредиле три дена пред Велигден на Велики четврток пред изгрејсонце се вапцуваат првите три Велигденски јајца.

На овој ден рано наутро пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите велигденски јајца. Најпрво каснуваат малку леб, се вртат кон исток, се прекрстуваат и ги бојат првите три црвени јајца. Првото јајце, божјаче, откако ќе се бојадиса се остава да го „фатат“ првите зраци од сонцето, а потоа се будат децата и со него на лицето им се прави „Црвено-бело“. Божјарчето се чува цела година, до наредниот Велики четврток, и само ова јајце не скапува!

Првото вапцано јајце се нарекува уште и Господово и за него се верува дека е полно со моќ со која се лекуваат разни болести. Затоа ова утро на сите верници е резервирано за обичајот каде најпрво откако ќе се свртат кон исток да се прекрстат ќе ги бојадисаат првите велигденски јајца, а останатите ги бојадисуваат на Велика Сабота.

Оваа традиција ја почитуваат сите верници, а познатите Македонки и овој пат не пропуштија  уште рано наутро да обелоденат на социјалните мрежи дека навистина се вредни домаќинки.

ТВ водителката и инфлуенсерка Елена Стафановска е дефинитивно една од нив. Особено сега, кога за прв пат е и жена – домаќинка, која ја почитува традицијата.

Македонската поп дива Калиопи Букле не пропушта исто така да ја испочитува традицијата… И да упати предвелигденска честитка.

ТВ водителката Марјана Станојковска во свој стил ги споила традицијата и естетиката, традиционалното и модерното, украсувајќи ја  ова утро масата со сопствена докарица покрај трите црвено вапцани јајца.

ТВ водителката Снеже Велков и онака станува рано за да вежба и да подготви некој здрав оброк , па вообичаената рутина не и дозволи да отстапи од правилата, кои овој пат ги споила со традиционалните предвелигденски адети – вапцањето на трите црвени јајца.

Некогашната Пулси-квиз ТВ водителка, подоцна новинар и уредник на емиси во Образовната програма на МТВ, денес Главен уредник на Првиот програмски сервис на националната ТВ куќа – Анета Андонова е меѓуостанатото и тоа како посветена на верата, религијата и традицијата. Како оддан верник, таа разбирливо не пропушти да ја испочитува традицијата и денот – Велкики четврток  за да го обави ритуалот на вапцање на трите црвени јајца кои при тоа прекрасно ги декорирала во кошничка со слама и златни чоколадни зајачања.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content