Пожар во текстилната фабрика „Тила“ – зафатени сончевите колектори

36

Околу 13 часот избувна пожар на покривната конструкција на текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп.

Зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори. Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе од еден час се обидуваат да го локализираат пожарот кој се уште гори.

Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало никој. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.

Фабриката „Тила“ произведува конфекција за деца.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content