Поддршка од 300 милиони денари за 19.060 тутунари

8

Како што информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, секој тутунар ќе добие по три денари за килограм произведен и продаден необработен тутун од втора класа, како и 16 денари по килограм за произведен и продаден необработен тутун од трета и четврта класа.

На оваа финансиска поддршка и претходеше исплата на субенции за произведен и предаден тутун во висина од 1,7 милијарди денари, со што владината поддршка за тутунопроизводството во година на светска здравствена и економска криза изнесува две милијарди денари, рече тој.

На ваков начин, според Арсовски, се дава придонес за благосостојбата на голем број граѓани, чие производство на тутун е една од главните земјоделски и економски гранки кои имаат важно учество во бруто домашниот производ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content