Повторно поскапуваат бензинот и дизелот

51

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика – РКЕ, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, цената на бензинот Еуросуер БС-98 за еден денар, додека на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денари за литар.

Новата малопродажна цена на Еуросипер БС – 95 ќе биде 86,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за  88,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,286 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,173 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,184 отсто, кај дизелот за 3,802, кај екстра лесното масло за 4,795 отсто, додека кај мазутот има намалување во просек за околу 1,242 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,382 отсто.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content