Спорт
ПМФЛ: Ренова ја пречекува Шкендија, Академија Пандев домаќин на Шкупи
Со очекување на евентуален нов кикс на Шкупи, Шкендија уште денеска доколку триумфира против Реова во голема мера ќе може да ги брои деновите до прославата на новата шампионска титула во македонското првенство.

Интересно ќе биде и во Струмица. Академија Пандев, по одличните игри оваа пролет, го посакува и „скалпот“ на Шкупи.
Во Струмица денеска е и натпреварот меѓу Беласица и Македонија ЃП. „Лавовите“, по елиминацијата во полуфиналето од Купот на Македонија, сега се свесни дека единствено преку првенството ќе може да се изборат за европски настап следната сезона.
ПРВА ЛИГА – 26. коло (денеска, 13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА
Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ
Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ
ВЧЕРА
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-1