СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Најневеројатната и најдеталната фотографија од Сонцето направена досега

Ако оваа година сакате да ја видите таа една вселенска фотографија која ќе ги надмине сите други, тогаш оваа фотографија од нашето Сонце во неверојатно висока резолуција е секако едeн од најголемите кандидати за тоа.

Кон крајот на март, Европската вселенска агенција објави фотографија од Сонцето со резолуција од неверојатни 83 мегапиксели. Самата бројка можеби нема да ви каже премногу, но штом ќе почнете да ги зголемувате деталите на таа фотографија, едноставно останувате без зборови за да го изразите количеството восхит.

Фотографијата е направена од вселенското летало на Европската вселенска агенција, Solar Orbiter, кое е на половина пат помеѓу Земјата и Сонцето, а е снимена на 7 март 2022 година.

Станува збор за мозаик од 25 поединечни 10-минутни експозиции снимени по ред, а на вселенското летало му биле потребни четири часа да го состави тој мозаик.

Сликата има огромни 9148 x 9112 пиксели или 83 мегапиксели. За споредба, 4K екранот има само 3840 x 2160 пиксели, што е 8 мегапиксели.

Целосната резолуција на оваа „тешка“ фотографија од 56 MB можете да ја преземете ТУКА и слободно поиграјте си со зголемувањето на деталите, бидејќи дефинитивно ќе поминете извесно време проучувајќи ги.

Тоа е, исто така, највисоката резолуција на слика на целиот сончев систем некогаш снимена.

Фотографијата е направена со камера која е чувствителна само на екстремната ултравиолетова област од електромагнетниот спектар.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content