Плаќање на сметки за режиски трошоци во Пошта по најконкурентни цени

61

Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје.

Една од најкористените услуги на Македонска пошта секако е плаќањето на сметки за режиски трошоци.

Отсега на шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава.

Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките кон телекомуникациските оператори, како Македонски Телеком, А1, Неотел, Телекабел и сите останати регионални оператори.

Услугата „Плаќање сметки“ во готово на Пошта ја има една од најконкурентните цени на пазарот во однос на цените на домашните банки и изнесува 35 денари по сметка.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content