СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Четвртооделенецот Мики од Прилеп во улога на Блаже Конески: Малиот актер доби пофалби од сите страни (Фото)

Деновиве во Небрегово во родната куќа на најистакнатите македонски културни дејци, писател, врвен поет и научник Блаже Конески се одвива убав настан.

Во тек е снимањето на долгометражниот документарен филм посветен на животот и делото на Блаже Конески -„Дневник по многу години“. Ликот на младиот Блаже го толкува ученикот во четврто одделение во ООУ “Блаже Конески” Прилеп, Михаил Вељаноски.

-Мики достојно се престави како млад актер и нè направи да се чувствуваме горди како училиште.
Посакуваме светла иднина на Михаил и упатуваме благодарност до екипата Контраст филм- Скопје за можноста по кој знае кој пат да докажеме дека заслужено го носиме името на нашиот патрон, Блаже Конески
 – велат од училиштето.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content