Петрова со нови информации за нерегуларности поврзани со МФ и ДИК

45

Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова, информираше за уште еден случај на незаконско постапување во Министерството за финансии (МФ), кое, како што вели, резултирало со донесување на незаконско решение на Државната изборна комисија (ДИК).

-Министерот за финансии, спротивно на Изборниот законик и Законот за Влада, со писмено барање кое не е потпишано со врзан потпис и без мое знаење, побарал од ДИК да ги изземе од изборниот процес лицата кои се ангажирани во општинските изборни комисии и помошните тела на ДИК, а се вработени во МФ. За апсурдот да биде поголем, ова се однесува само за лицата кои како нови членови треба да се ангажираат во изборниот процес, а не и на претходно назначените членови во изборните органи кои се вработени во МФ.

ДИК со надгласување и издвоено мислење донела незаконско решение бр. 08-999/3 од 29.03.2024 год. со кое ги разрешува членовите во општинските изборни комисии вработени во МФ, веднаш по нивниот избор, односно по нивното назначување кое се врши на јавна седница на ДИК по метод на случаен избор. Ова е спротивно на член 18 став 2 од Изборниот законик, каде децидно се наведени институции чии вработени не можат да бидат членови на изборните органи, каде не влегува МФ.

Незадоволни од ваквото решение вработените во МФ изјавиле тужби до Управниот суд, кој донел пресуди со датум од 12.04 до 17.04.2024 год. со кои ги поништил решенијата на ДИК во делот за нивното разрешување и дал насока да се спроведе решението со кое законски се избрани за членови. Според информациите со кои располагам, овие лица сеуште не се повикани да учествуваат во работата на општинските изборни комисии.

Се поставува прашањето дали МФ сака да го опструира изборниот процес, на самиот почеток на постапката за гласање?
Сметам дека преку личен и институционален пример треба да покажеме дека сме посветени изборниот процес да се спроведе на законски и правилен начин со цел да ја оправдаме довербата на граѓаните и мандатот кој ни е доверен како преодна влада за организирање на изборите, потенцира Петрова.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content