СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Помалку од еден месец за надградба доколку ја користите оваа верзија на Windows

Мајкрософт претходно јасно стави до знаење дека ќе престане да ги поддржува сите застарени верзии на Windows 10.

За помалку од еден месец, компанијата ќе ја прекине поддршката за Windows 10 20H2 верзијата. Ова значи дека сите оние кои нема да ја надградат на понова верзија на платформата повеќе нема да добиваат безбедносни ажурирања.

Ќе има четири верзии на Windows 10, кои ќе престанат да добиваат поддршка во исто време. Тоа се: Windows 10 Home 20H2, Windows 10 Pro 20H2, Windows 10 Pro Education 20H2 и Windows 10 Pro for Workstations 20H2.

Сите споменати верзии на Windows повеќе нема да добиваат безбедносни ажурирања по 10 мај 2022 година.

Мајкрософт од почетокот на годината инсталира Windows 10 верзија 21H2 за корисниците, а овие системи ќе бидат поддржани уште некое време. Сепак, за подолга поддршка, корисниците ќе треба да се надополнат на Windows 11, што не е баш опција за сите со оглед на хардверските барања за оваа верзија на оперативниот систем.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content