СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Во Крушево седма година се организира фестивалот „When In Krusevo“

Како што најавија организаторите, фестивалот на едно место обединува музика, спорт и култура, а целта е промовирање на крушевскиот живопис полн со природни убавини и спортски атракции, будење на адреналинот и желбата за дружење, но и промоција на уметноста, историјата, живите традиции на градот и гостопримството кои и тоа како создаваат чувство на топлина.

Имајќи предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на адреналински и активен туризам, како што соопштија организаторите, во фестивалот е вклучено и атрактивното тандем параглајдинг летање од Мечкин Камен.

Меѓу другите адреналински спортови кои ќе ги понуди фестивалот се и искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP. За љубителите на планинскиот велосипедизам има тура од 20 километри и планинска велосипедска трка, додека за истражувачите на планинските убавини планинарска тура од 10 километри. Оваа година за обожавателите на трките, во рамките на фестивалот ќе се одржи улична трка од пет километри, како и trail трка, а за гурманите се спрема саем за храна и пијалаци.

За најмладите е подготвено детско катче на Крушевското езеро со денска забава, јога, детска трка и многу детски игри.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content