Парада на Црвениот плоштад во Москва за Денот на победата над фашизмот

28

Рапорт за почетокот на парадата на претседателот на Русија, Владимир Путин, му поднесе министерот за одбрана, генерал на армијата Сергеј Шојгу.

Парадата, на која учествуваат повеќе од 12.000 војници, ја предводи Врховниот командант на копнената армија, армискиот генерал Олег Саљуков.

 

Секогаш ќе се сеќаваме дека големата победа над нацизмот ја постигна советскиот народ. Во најтешкото време на војната, во одлучувачките битки кои го одредија исходот од борбата против фашизмот, нашиот народ беше сам, сам на макотрпниот, херојски и пожртвуван пат до победата, рече Путин за време на говорот на Црвениот плоштад, по што се одржа едноминутно молчење.

Путин истакна дека „Русија одлучно ќе ги штити своите национални интереси и дека нема прошка за оние кои смислуваат агресивни планови“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content