ОЈО му врати на Кривичен: Ги приложивме сите докази за нападот во М-НАВ

47

Откако денеска Кривичен суд објави дека не ги добило сите потребни докази за упадот на 8 насилници во контролната соба во Македонска комуникација, реагира ОЈО:

„Ги приложивме сите докази дека има опасност од бегство, уништување на докази и влијание врз сведоци“, велат од ОЈО за Канал 5.

„Јавниот обвинител во својата жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје детално ги образложи причините поради кои смета дека одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерка притвор за осомничените во конкретниот случај е неоснована.

Обвинителството ги има и ги приложи сите докази дека постои реална опасност четворицата осомничени кои се лишени од слобода да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоци (вклучувајќи ги и оштетените, но и осомничените кои се уште се недостапни), како и да го повторат делото’ велат за канал 5.

Од Кривичен велат дека нема доволно докази дека со упадот во М-НАВ била нарушена безбедноста на воздушниот сообраќај

„Во однос на обележјата на кривичното дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од член 303 од КЗ опишано во ставот 2 oд тој член, тие се исполнети со самата можност да се загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со акт на насилство и не е неопходно да настапила катастрофална штетна последица во смисла на тешка повреда, смрт или уништување, одговорија за Канал 5 од ОЈО.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content