Официјално: Перо Антиќ старо-нов претседател на КФСМ

26

Како и што беше најавувано претходно, на денешното собрание во хотелот „Александар Палас“ Перо Антиќ беше избран за старо-нов претседател на „куќата на кошарката“.

Антиќ до победата дојде лесно без противкандидат и доби 40 гласови „за“ и еден против. Присутни беа 41 од 45 делегати.

На функцијата претседател, Антиќ дојде во 2019 година кога го наследи Петар Наумоски, а и тогаш исто така немаше противкандидати.

Во неговиот период на чело на федерацијата сменети беа четири селектори, Јорданчо Давитков, Александар Тодоров, Драган Бајиќ, а сега селекцијата ја води Александар Јончевски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content