Откако протекоа документи за токсично млеко и јогурт, утре директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе има прес-конференција

45

„Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, утре, во 11 часот ќе одржи прес конференција. На прес конференцијата директорот Бабовски ќе одговори за прозивките за работењето на Агенцијата“, стои во поканата.

Претходно, Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ рече дека „се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница“.

Трипуновски праша дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија?

„Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано“, истакна Триупуновски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content