Осум супермаркети оствариле 25 милиони профит, а се жалат на зголемување на минималната плата за работниците

35

На оваа тема синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 дебатираше со министерот за економија Крешник Бектеши, кој вели дека овој список го видел уште пред неколку месеци, а истите бројки му биле како основа за донесување одлука за замрзнување на цените.

„Овој список кои вие како ТВ21 го објавивте денес, јас го имам видено пред неколку месеци, и тие бројки ми беа како основа кога требаше да се донесе одлука за замрзнување на цените за одредени производи. Го видов списокот, и упте еднаш ќе кажам, овие супермаркети кои прават милионски профити, не треба да ги експлоатираат вработените. Не може така“, вели Бектеши.

Министерот посочува дека има маркети кои се казнети со 100.000 евра.

„Дел од тие супермаркети кои се казнети ги има и во вашиот список кој го објавивте како медиум. Дали вие знаете дека кај дел од овие супермаркети 99% од вработените биле пријавени со минимална плата. Еден супермаркет има само 10 продажни места, а има 10 милиони евра профит, и потоа преку стопанските комори се жалат за минималната плата“, додава Бектеши.

Од листата на остварувања и заработка на супермаркетите, тоа што најмногу паѓа во очи е огромната заработка на синџирот маркети „Веро“. Тие имаат влез од 86,7 милиони евра, додека профит од 10,3 милиони евра. Овие бројки ги посочи и Министерот за економија Кречник Бектеши во емисијата Клик Плус, потенцирајќи дека синџири на маркети со големи заработки се жалат на мерките на владата за зголемувањето на платите.

„Еден супермаркет на вашата листа, сум рекол и претходно ќе го повторам и сега, нема повеќе од 10 маркети на територијата на Македонија. Има заработка од 10 милиони евра“.

Покрај ова, тоа што го потенцираше првиот човек на македонската економија е и искористувањето на вработените во маркетите кои според Бектеши, 99% од вработените се платени со минимална плата.

ТВ21 побарал одговор од синџирот на маркети „Веро“ во врска со иајавите на Министерот и дали во оваа компанија над 90% од вработените се плаќаат со минимална плата, но одговор не добиле.

Според податоците од Централниот регистар, по „Веро“ најголем профит има синџирот маркети „КАМ“ со 5,1 милиони евра, а кои имаат влез од 187 милиони. Следи „КИпер“ кој во 2021 година излезе со заработка од 4,8 милиони додека имале влез од 100 милиони евра. Потоа следат синџирите маркети на Стокомак, Тинекс, Кит-Го и Жито.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content