СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз

Во првите шест месеци годинава над 70 отсто од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството и сточарството се поради последници од овие природни непогоди.

За првите шест месеци вредноста на купени полиси кои осигуруваат од град и мраз достигна 5 милиони евра или 26 отсто повеќе од истиот период лани.

Земјоделци и сточари наплатиле вкупно 162 милиони денари (2,63 мил.евра) од штети покриени со осигурителни полиси за првите шест месеци оваа година. Во вкупниот износ на исплатени земјоделски и сточарски штети за уништени посеви, плодови и угинат добиток во континуитет доминира исплатата на штети предизвикани од град и мраз, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Штетите предзвикани од град или мраз континуирано имаат најголемо учество во износот на исплатените штети покриени со земјоделско осигурување. За првите шест месеци од овие природни непогоди се исплатени штети, за уништени посеви и плодови, во вкупна вредност од 117,85 милиони денари (1,9 мил. евра). Тоа е 72 отсто од сите исплатени штети во земјоделството и сточарството во овој период. Слична е статистиката и за првите полугодија во претходните две години. Во 2020 година за штети од град и мраз земјоделците наплатиле 99,5 милиони денари (1,6 мил.евра) односно 74 отсто, а во 2019 година 78 отсто од сите исплатени штети во земјоделството.

Вкупниот износ на штети кои земјоделците ги наплатиле од осигурителните друштва, за првите шест месеци годинава, е 162 милиони денари (2,63 милиони евра). Истиот период лани износот на исплатени штети за земјоделски осигурувања е помал за 22 отсто и  изнесувал 132,4 милиони денари (2,15 мил.евра). Во првата половина на 2019 година земјоделците од штети наплатиле 78,4 милиони денари (1,27 мил.евра).

Вкупните вложувања на земјоделците и сточарите во осигурување за првото полугодие годинава изнесуваат 398,4 милиони денари (6,5 мил.евра). Тоа е за 20 отсто повеќе во споредба со истиот период 2020 година кога вложувањата во осигурување посеви, плодови и добиток биле 331 милиони денари (5,38 мил.евра). Континуитет во растот на вложувања се бележи и во споредба со 2019 година кога вредноста на земјоделските осугурувања во првата половина од годината изнесувала 241,2 милиони денари (3,92 мил.евра).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content