СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Официјално отворено 58-то издание на „Мавровски меморијал“

Со положување на цвеќе пред споменикот на градителите на хидро системот Маврово кои ги загубија животите во снежна лавина во 1956 година, се означи официјалниот почеток на 58-то издание на „Мавровски меморијал“, најстариот скијачки куп на Балканот и еден од најстарите ски купови во Европа и светот.

Организатори на овој континентален куп по нордиско скијање се Агенција за млади и спорт, Скијачката федерација и ски здружението Мавровски Меморијал. Традиционален генерален спонзор е А.Д. ЕСМ. Помагатели се општина Маврово и Ростуше и национален парк Маврово.

 

Купот и оваа година на едно место ќе ги собере најдобрите репрезентации од регионот кои на снежната патека„Мирна Долина” ќе се докажуваат под комплетна супервизија на официјални лица од „FIS“. На овој начин Маврово уште повеќе се истакнува како зимска атракција.

Трките на 5 и 10 километри во слободен стил ќе се одржат денеска и утре, предводник на македонската репрезентација е искусниот Ставре Јада.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content