ООУ „Блаже Конески“ и оваа година го одбележа Денот на училиштето, во чест на својот патрон, академик Блаже Конески.

6

ООУ „Блаже Конески“ и оваа година го одбележа Денот на училиштето, во чест на својот патрон, големиот поет, изучувач, познавач и кодификатор на македонскиот јазик, академик Блаже Конески.

„ООУ „Блаже Конески“ е едно од најмладите училишта во нашиот град, училиште кое се карактеризира со посебен дух, училиште кое во континуитет е насочено кон подобрување на квалитетот на целокупното работење. Препознатливо по квалитетот на работа и образовни услуги кои ги нудиме на нашите ученици, по стручниот кадар кој го имаме и којшто постојано се усовршува, по стилот на менаџирање и водење на училиштето. Како резултат на ова освоивме многу награди, признанија и високи постигања на училиштето, наставниците и учениците во различни области“, истакна во својот поздравен говор директорката на училиштето „Блаже Конески“, г-ѓа Ангелка Баракоска.

 

Букет свежо цвеќе положија претставници од Советот и градоначалникот на Општина Прилеп, г. Илија Јованоски, кој се обрати пред присутните гости и вработени во  училиштето.

„Во пресрет на 99 годишнината од раѓањето на кодификаторот на современиот македонски литературен јазик, академик Блаже Конески денеска се поклонуваме пред неговата биста во истоименото основно училиште во нашиот град и оддаваме почит на неговото грандиозно дело со неговата макотрпна работа и маркатните достигнувања како филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач и прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Блаже Конески со право го заслужува епитетот „Џинот“ од Небрегово. Брилијантните дела на Блаже Конески денес се наоѓаат во сите универзитетски и други големи библиотеки ширум светот. Оттука со гордост можеме да кажеме дека неговиот придонес за истакнување на посебноста на македонскиот литературен јазик е безвременски“ – истакна во своето обраќање градоначалниот на општина Прилеп, г. Илија Јованоски.

За континуираната поддршка во работата на училиштето беше доделена плакета на градоначалниот г. Илија Јованоски. Плакети беа доделени и на г-ѓа Павлина Илиеска-Пале за посебен придонес во одржувањето на манифестации во нашето училиште по повод денот на училиштето, во чест на Патронот академик Блаже Конески, и најмладата љубителка на пишаниот збор, нашата млада поетеса Ана Марија Манческа која се одлучи да ги следи стапките на Патронот и на свои 14 години ја објави својата прва книга.

Претставници од училиштето положија букет свежо цвеќе пред бистата на Блаже Конески во центарот на градот, која се наоѓа пред НУ Библиотека „Борка Талески“.

Вредните ученици на свој креативен начин ја изразија својата почит на патронот Блаже Конески со пригодни литературни и ликовни творби и рецитали, кои може да ги проследите во продолжение.

 

 

 

 

 

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content