Од 1 мај влез во Грција без сертификати

53

Од 1 мај Грција привремено го укинува задолжителниот европски сертификат за вакцинација, прележан Ковид-19 или негативен тест за влез во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека надлежната Комисија на епидемиолози на денешниот состанок препорачала „суспензија на Covid pass од 1 мај и враќање на исполнетоста на објектите на 100 отсто од капацитетот, суспензија на сертификатото од EUDCC на влезните точки во земјата“, а останатите одлуки се однесуваат на тестовите за невакцинираните вработени.

Сите препораки на комисијата биле прифатени од Владата, а од Министерството за здравство на Грција додаваат дека деталите ќе бидат разјаснети во новата министерска одлука што ќе биде објвена во Службен весник на Грција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content