СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Ова нешто цел свет го приготвуваше во своите домови во 2020-та година

„Google“, како и секоја година така и оваа, објави листа на најпребарувани поими на сите можни полиња, па така и во полето на кулинарството.

Бидејќи оваа година беше една од најчудните досега, па многу од времето го поминувавме дома не треба да ве чуди дека најпребаруван поим за рецепт на интернет беше „домашен леб“.

 

Но, за да не мора да го пребарувате рецептот на интернет, ние ќе ви го пренесеме тука.

Потребни состојки: – 280 милилитри ладно млеко; – 350 грама бело брашно; – 25 грама прашок за печиво; – 25 грама путер; – 1 лажица сол; – 1 лажица шеќер.

Начин на подготовка: Сите состојки ставете ги во поголем сад да се соединат, па месете го тестото додека не ја добие потребната форма.

Оставете го да отстои околу половина час, а потоа печете додека не зарумени.

Пријатно јадење!

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content