Од утре со температури под -10 степени

28

На Попова Шапка има 69 сантиметри снег, 20 сантиметри на Маврови Анови, 14 во Крушево, Ѓуриште, 11 сантиметри во Пожаране, 9 во Демир Капија, 6 во Битола, 4 во Прилеп, 3 во Кр.Паланка, 2 во Скопје–З.Рид, 1 сантиметар во Тетово и Дојран.

Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено во северните, западните и југоисточните делови. Дуваше умерен до засилен северен ветер, кој на повеќе места достигнуваше брзина над 40, а во Штип над 55км/ч.

Денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.

Во Скопје сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content