Од утре почнува скринингот за ковид-19 во основните училишта

39

Обезбедени со тимови и здравствени работници, соопшти портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести, д- Злате Mехмедовиќ.

Според него, во моментот, во основните училишта има повеќе деца кои се заразени со ковид-19, за разлика од средните училишта, каде ситуацијата е помирна. Затоа утре ќе се почне со скринингот, а за таа цел, денеска родителите ќе добијат изјава за согласност, нивното дете да биде тестирано на Ковид-19.

Скринигот ќе се врши во училиштата, односно таму ќе се зема брис, нема да има потреба родителите да ги носат децата во здравствените домови.

Оние родители кои во текот на денешниот ден добиле изјава за согласаност дека се согласуваат децата да им бидат тестирани со брз тест, нивните деца ќе бидат тестирани во училиштатарече претседателот на Комисијата д-р Александар Петличковски.

Комисијата за заразни болести уште пред два дена алармираше дека бројката на заразени меѓу школските деца расте и дека за една недела бројот е зголемен за 120.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content