Од утре во сила новите мерки: Угостителите ќе работат до 18 часот, забранети се собири по плоштади

31

Новите рестриктивни мерки што ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести од утре стапуваат во сила.

Со новите мерки е предвидена кратење на работното време за угостителите, со што ќе мора да затворат до 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.

 

Во сила останува забраната за собири на јавни места за повеќе од 4 лица, а од Министерството за здравство апелираа до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка.

Забрането е групирање по плоштади за дочек и прослава на Нова година, како и секаков вид собири во периодот на празниците, а хотелите ќе треба да ги затворат своите ресторани по 21 часот.

Забрана за собири на отворено и ограничен број посетители во затворен простор со задолжително носење маски ќе важи и за празнување на  верските празници кои следат.

„Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за празниците. Да празнуваме одговорно заради сите нас“, порача министерот д-р Венко Филипче.

Новите мерки ќе важат до 21 јануари, а како што велат од Министерството за здравство, имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид-19 во претстојниот период на празници.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content