СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Избори 2024

ДИК донесе измени и дополнувања на роковниците за изборите согласно Изборниот законик

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница донесе одлуки за објавување на описите на избирачките места и за измена и дополнувањена роковниците за изборни дејствија за претседателските и за парламентарните избори согласно измените на Изборниот законик, а беа акредитирани и дополнителен број набљудувачи на двата вида избори на 24 април и 8 мај.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху информираше дека измените се однесуваат на неколку точки од Изборниот законик. За изборите за претседател и за пратеници тоа се однесува на финансиските извештаи за донации, додека за парламентарните избори и за тоа дека од моментот на потврдување на кандидатски листи до моментот на почеток на кампњата не смее да се трошат средства од трансакциската сметка и дека учесникот на изборите во тој период има право да организира само еден јавен настап.

За двојните избори ДИК одобри дополнително 31 набљудувач на ОБСЕ/ОДИХР и две лица од Центарот за континуирани обуки во избори од Молдавија. Амбасадата на Албанија имаше барање за акредитирање на три лица, додека Центар за безбедносни истражувања бараше акредитација на 29 лица.

Секој овластен набљудувач мора да го почитува Кодексот за набљудување на ДИК, истакна членот на ДИК Бобан Стојковски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content