СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Се избираат членови на Судскиот совет

Избори за три испразнети места во Судскиот совет се одржуваат денеска, откако судиите кои досега беа на тие позиции заминаа во пензија, согласно Законот за работни односи. Комисијата за спроведување на изборот денеска ги спроведува изборите од редот на судиите во три изборни подрачја – Врховен суд, во Апелационо подрачје Скопје и управните судови и во Апелационото подрачје Гостивар.

Претседателот на Комисијата за спроведување на избори за избор на членови на Судски совет, Исамедин Љимани на денешната прес-конференција информира дека гласањето ќе трае до 15 часот и досега немаат пројавено проблеми.

Во изборното подрачје Врховен суд пријавен е само еден кандидат, судијката Мирјана Радевска Стефкова. Во оваа изборна единица има запишано пет избирачи.

Во изборното Апелационо подрачје Скопје и управните судови пријавен е само еден кандидат, судијата на Апелацискиот суд Скопје Зоран Герасимовски. Во оваа изборна единица вкупно се запишани 213 избирачи и се спроведуваат изборите во 12 изборни места.

Во изборното Апелационо подрачје Гостивар има пријавено двајца кандидати – судиите на Основен суд Тетово, Љупчо Спироски и Ивица Николовски. Изборите се спроведуваат во пет изборни места и вкупно се запишани 45 избирачи.

„Најдалечното место ни е Гевгелија и Дебар, како ќе дојдат така ги собираме и ги утврдуваме резултатите. После комисијата ги утврдува и ги објавува неофицијалните резултати. Нема цензус во Законот не е предвидено дали треба да има цензус од колку избирачи. Комисијата од тројца членови ги пребројува сите гласачки ливчиња и потоа ги утврдуваме резултатите и ги објавуваме. Кој колку добие и кој станал член ќе се знае по поминување на роковите за жалби и приговори“, рече Љимани.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content