СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Од следната недела најавени нови термини за тестирање, вчера регистрирани 518 заболени од Ковид-19

Петстотини и осумнаесет нови случаи на заболени од Ковид-19 беа регистрирани вчера во земјава. Раст на новозаболените изминатиот период е забележан во целиот регион, но и во Европа. За првпат на континентот завчера беа евидентирани 200.000 заразени за еден ден.

Како што соопшти вчера Министерството за здравство кај нас направени биле 2367 тестирања, а како оздравени се регистрирани 200 пациенти. Во вчерашниот билтен на Министерството за здравство регистрирани се девет починати лица четири пациенти од Скопје (36, 60, 65 и 53г), еден пациент од Штип (66г), еден од Радовиш (72г), еден од Струмица (71г), еден од Пробиштип (75г) и еден пациент од Македонска Каменица (44г).

 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25 991, бројката на оздравени пациенти е 18 247, на починати е 883, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6861.

По реакциите во јавноста дека граѓани долго време чекаат за тестирање, министерот за здравство Венко Филипче вчера преку својот Фејсбук профил истакна дека силниот есенски бран ги оптоварил лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини.

-Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, потенцира вчера Филипче.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content