СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

МЗШВ: Континуирано ја следиме состојбата со откупот на грозјето

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано ја следи состојбата со откупот на грозјето и откупните цени.

Во овој период се врши берба и откуп на висококвалитетните сорти на грозје, од втората половина на месецов започнува бербата на вранецот, а при крај на месецот започнува бербата на смедеревката.

Од Министерството информираат дека државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, со цел да има непречен откуп на грозјето.

МЗШВ изминатиот период одржа состаноци со винарските визби и со здруженијата на лозари, со цел да се најде взаемно решение за годинешната откупна цена на грозјето.

– На последниот состанок со винарниците се дадоа предлози и идеи, како да им се помогне и на лозарите и на винарците. Предложивме на партнерски основ – откупната цена да биде 11 денари за килограм вранец и 9 денари за килограм смедеревка, при што Владата ќе интервенира со четири денари субвенција, за да може да се постигнат ланските цени, односно 15 со 13 денари. Воедно, се размислува да има и субвенција за висококвалитетните сорти грозје, што би била за првпат воведена годинава, се наведува во соопштението од МЗШВ.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочуваат дека како и секогаш имаат партнерски однос со лозарите и отворената комуникација ќе продолжи и во следниот период, и е отворено за сите предлози. Во тој контекст, МЗШВ ќе организира состанок и со здруженијата на лозари, со цел да ги кажат своите предлози и да се донесат мерки и решенија коишто ќе бидат прифатливи и за лозарите и за винарниците.

-Оваа година е специфична и тешка поради состојбата со пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, и затоа како МЗШВ и Владата на РСМ, ќе преземат се што е потребно, за да се ублажат негативните последици од здравствената криза врз производството на грозје и вино, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content