Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ со лимит до 2.100 денари

19

Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју за емисијата „Утрински печат“ изјави дека средствата се обезбедени во Буџетот.

– Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тримесечје се околу 10 милиони евра и тие средства се предвидени во буџетот. Ќе инсистирам секој почеток на тековна година да расте лимитот за поврат на ДДВ на физички лица, рече Лукаревска.

На предлог на Министерството за финансии, Владата на 27 декември лани го утврди Предлог-текстот на законот со кој лимитот за поврат на ДДВ се зголемува од 1.800 на 2.100 денари.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content