СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Од денеска почнува исплата на правата од социјална заштита за октомври

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална заштита за октомври и тоа гарантирана минимална помош ГМП, социјална парична помош-ретроактивна исплата, постојана парична помош-ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, социјално домување, социјална сигурност-социјална пензија, парична помош за згрижувач и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитурите  на банките, согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето. Денеска ќе се врши исплата за правата на лицата чии презимиња почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, во понеделник за лицата со презиме кое почнува на И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О, а во вторник за лицата чие презиме почнува на буквите П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

 

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content