Земјоделие
Од денеска до недела ќе „тече“ мед во Скопје
На плоштад „Македонија“ во Скопје, од денеска до недела ќе се одржи третиот „Пчеларски саем на Македонија“, проект на Град Скопје.

Главен покровител и домаќин е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија.
На штандовите во трите дена од манифестацијата ќе бидат изложени мед и пчелни производи од цела држава како и штандови со пчеларска опрема.